Џет-Сет
12. January 2016 - 16:00

Северина ја смени фризурата, еве како изгледа сега

Славната пејачка и од неодамна сопруга на Игор Којиќ, Северина Којиќ реши во Новата година да влезе со нова фризура.

Остана верна на својата смеѓа боја, но се одлучи да ја скрати косата.

Во секој случај таа е тренди со новата фризура.

Таа со фотографии се пофали на својот Инстаграм профил, а коментарите на нејзините фанови се позитивни.

Да потсетиме, пејачката за првпат го прослави Божиќ во домот на Којиќ, со сопругот Игор, синот Александар, свекорот и свекрвата.