Северина доаѓа во Берово
И оваа година општина Берово за време на големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица , на 27-ми и 28-ми август го организира „ Етно Плоштад Фестивал “.
Втора година по ред генерален спонзор во музичкиот дел на „ Етно Плоштад Фестивалот “ се компаниите ZEGIN и HEALTHY FOOD by ZEGIN и благодарение на нивниот сопственик Благој Механџиски, главна музичка ѕвезда на 27 Август ќе биде мегапопуларната балканска ѕвезда Северина.
Организаторите и генералниот спонзор најавуваат спектакуларен концерт и богата програма со разновидни содржини.
Информацијата ексклузивно ја објави порталот ОВА Е БЕРОВО, кој објави и интервју со Механџиски.
Ова е Берово: „Нашите читатели сигурно ќе ги интересира дали беше тешко да се ангажира Северина ?“
Механџиски: „Преговорите траеа многу кратко и на взаемно задоволство на сите склучивме договор за нејзино гостување во Берово“.
Ова е Берово: „Кој е Вашиот интерес да спонзорирате една ваква манифестација во Берово ?“
Механџиски: Со задоволство прифатив и оваа година да бидам генерален спонзор на „ Етно плоштад фестивалот“ во Берово, пред се јас како малешевец сакам да придонесам за збогатување на програмата на фестивалот, а воедно да го промовираме Берово и Малешевијата како туристичка дестинација, да дојдат што повеќе посетители на истиот, а воедно ги вкусат и малешевските специјалитети, го осетат чистиот планински воздух, здравата животна средина каде се произведува здрава органска храна, препознатлива во Македонија и надвор од неа.
Ново на Сител
-
ОЛАФ бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра - злоупотребени пари од Еразмус плус
-
ССМ најавува серија протести, работниците излегуваат на улица
-
Штипските пензионери повторно на протест
-
Глобалниот минимален данок од 15% - закана за 50-тина компании кои работат во зоните кај нас
-
Преглед на вестите од светот
-
Последен работен ден за пратениците од овој состав
-
Информативен ден на НАТО програмата „наука за мир и безбедност“
-
Мисија на УНЕСКО во Охрид