Македонија
10. July 2016 - 13:02

Северина доаѓа во Берово

И оваа година општина Берово за време на големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица , на 27-ми и 28-ми август го организира „ Етно Плоштад Фестивал “.

Втора година по ред генерален спонзор во музичкиот дел на „ Етно Плоштад Фестивалот “  се компаниите ZEGIN и HEALTHY FOOD by ZEGIN и благодарение на нивниот сопственик Благој Механџиски, главна музичка ѕвезда на 27 Август ќе биде мегапопуларната балканска ѕвезда Северина.

Организаторите и генералниот спонзор најавуваат спектакуларен концерт и богата програма со разновидни содржини.

Информацијата ексклузивно ја објави порталот ОВА Е БЕРОВО, кој објави и интервју со Механџиски.

Ова е Берово: „Нашите читатели сигурно ќе ги интересира дали беше тешко да се ангажира Северина ?“

Механџиски: „Преговорите траеа многу кратко и на взаемно задоволство на сите склучивме договор за нејзино гостување во Берово“.

Ова е Берово: „Кој е Вашиот интерес да спонзорирате една ваква манифестација во Берово ?“

Механџиски: Со задоволство прифатив  и оваа година  да бидам генерален спонзор на „ Етно плоштад фестивалот“ во Берово, пред се јас како малешевец сакам да придонесам за збогатување на програмата на фестивалот, а воедно да го промовираме Берово и Малешевијата како туристичка дестинација, да дојдат што повеќе посетители на истиот, а воедно ги вкусат и малешевските специјалитети, го осетат чистиот планински воздух, здравата животна средина каде се произведува здрава органска храна, препознатлива во Македонија и надвор од неа.