Македонија
7. August 2015 - 16:52

Сеуште трае потрагата по исчезнатото девојче во поплавите во тетовско

Невремето во Тетово беше причина целосно да исчезнат изворите со минерална вода во излетничко место Бањиче блиску до горниот тек на реката Пена  Надојдената вода како и земја и камења,  целосно го изменија ликот на месноста, односно се уништи месното каде истекуваше водата, а рушен е и мостот. 
 
На шестте заштитни решеткасти брани долж реката Пена се уште има дрва и камења, а насобрана е голема количина смет. Во општина Тетово уверуваат дека ќе расчистува и таму.  
 
И денес продолжи работата за оспособување за сообраќајот на патот од Тетово кон Јажинце и косовската граница. 
 
Работите за со расчистување на наносите од земја и камења продолжуваат и во Речица и Шипковица.  Петти ден трае и потрегата по изчезнатата шестгодишна Дрита Амети од Шипковица.