Македонија
26. July 2017 - 16:44

Сеуште нема решение за струшката дива депонија

Сеуште нема решение за струшката дива депонија.Вчера повторно беше запалена во екот на сезоната градот облеан во густ чад и  непријатна миризба а денеска сеуште тлее .

Засега не се знае дали причина за пожарот е топлото време или друг фактор, но надлежните се сомневаат дека постoи можност истиот да е подметнат и покрај тоа што местото од неодамна е обезбедено со камери.

Во континуитет депонијата неколку пати се палеше. Стружани остро реагираа и протестираа за да се реши проблемот кој е сериозна закана за нивното здравје.

Инаку надлежните сметаат дека со изградба на регионална депонија во Југозападниот плански регион конечно ќе се реши проблемот со дивите депонии но никако да се изнајде соодветно место. Од страна на министерството за животна средина како најсоодветна беше посочена Дебарца во атарот на селото Годивје на што остро се спротиставија мештаните додека екологистите сметаат дека кичевскит регион е најдобрата локација.