Свет
7. February 2016 - 11:50

Сеул: Северна Кореја се подготвува за петата нуклеарна проба

Според податоците на јужнокорејското разузнување, Северна Кореја се подготвува за петата нуклеарна проба, информира агенцијата Јонхап, цитирана од ТАСС.

Пјонгјанг во 2006, 2009 и 2013 година изврши по еден нуклеарен тест. Во врска со тоа Советот за безбедност на ОН, како и САД, Јапонија и Јужна Кореја на билатерална основа воведоа различни санкции проив Северот.

За Пјонгјанг овие санкции се „неефикасни“, затоа што економијата на земјата е „самодоволна“, забележува ТАСС.

Последниот, четврти нуклеарен тест, Северна Кореја го изврши годинава. На 6 јануари Пјонгајнг  прогласи успешно изведен тест со хидрогенска бомба.

Денеска севернокорејските државни медиуми јавија за успешно истрелување ракета носач на сателит во орбитата околу земјата.