Свет
11. August 2017 - 10:44

Сеул: Северна Кореја и САД треба да почнат дијалог

Северна Кореја и САД треба да почнат дијалог за намалување на тензиите, изјави Чунг Еуи-јонг, советник на јужнокорејскиот претседател Мун Џе-ин,  во интервју за весникот „Асахи“.

- Доколку САД не се откажат од непријателската политика нема да има никаков одговор од Северна Кореја за преговорите за ракетната и нуклеарната програма. Северна Кореја и САД не треба взаемно да се провоцираат туку да почнат дијалог, посочи Чунг.

Вашингтон и Пјонгјанг во текот на неделата повеќе пати разменија вербални закани, по што Северна Кореја соопшти дека подготвува план за ракетен напад врз американската тихоокеанска територија, островот Гуам.