Фудбал
24. January 2019 - 20:44

Сестрата на Сала моли: Не сопирајте со потрагата, убедена сум дека Емилијано е жив

Исчезнувањето на аргентинскиот фудбалер Емилијано Сала, за кого не се знае ништо од понеделникот вечерта, кога на авионот во кој тој се наоѓа му се губи трага над Ла Манш, го обедини целиот свет, кој се надева дека поранешниот напаѓач на Нант преживеал.

Англиската полиција три дена безуспешно го бара Сала и пилотот, а денеска официјално беше објавено дека потрагата по нив е прекината, бидејќи од авионот едноставно нема ни трага, ни глас.

Таквата одлука емоционално го уништи семејството на аргентинскиот фудбалер, таткото не можеше да дојде на себе од шок, додека сестрата на Сала – Ромина свика прес-конференција, каде што низ солзи побара од полицијата да продолжи со потрагата.

– Убедена сум дека Емилијано е жив, го чувствувам тоа! Ве молам, не ја прекинувајте потрагата по него. Ние ги разбираме напоритешто се прават, но ве молиме продолжете да го барате. За нас, тие се уште се живи. Тешко ни е да изразиме како се чувствуваме, бидејќи за нас ова е премногу тешко, рече Ромина, сестрата на Емилијано Сала.