Сестрата на Пеп Гвардиола меѓу првите отпуштени поради членот 155

Франсеска Гвардиола, сестра на тренерот на фудбалскиот клуб Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, се наоѓа на списокот на каталонските „амбасадори“, кои поради примената на членот 155 од шпанскиот Устав за воспоставување директна контрола врз Каталонија од страна на властите во Мадрид, им е наложено враќање во земјата.
Британскиот весник „Сан“ пишува дека сестрата на Гвардиола, кој е познат по силната поддршка за каталонската независност, пред само осум месеци беше назначена на функција во рамки на шпанската амбасада во данскиот главен град Копенхаген, каде како „амбасадорка“ на Каталонија го покривала подрачјето на нордиските земји.
Сега Франсеска се најде на долгата листа на лица кои се враќаат во Шпанија поради затворање на каталонските „амбасади“.
Таа на Твитер својата функција ја претстави како „делегат на каталонската влада во Данска, Финска, Исланд, Норвешка и Шведска“.
Каталонскиот парламент вчера изгласа независност, по што шпанскиот Сенат и одобри на Владата на премиерот Маријано Рахој да воспостави директна контрола на Мадрид врз Каталонија согласно членот 155 од Уставот на Шпанија.
Ново на Сител
-

Премиерот Мицкоски најави почеток на градба на нов клинички центар на почетокот на идната година
-

Поставен камен-темелник за доградба на ООУ „Димитар Беровски“
-

Психолошки лузни кај децата по разводот на родителите
-

Градот Струмица како инспирација на младите ликовни уметници
-

Силјановска Давкова на средба со Јотова во среда во Софија
-

Тема на денот со Оливер Миланов, директор на Агенција за храна и ветеринарство
-

Од полноќ нови цени на горивата, Мицкоски најави поевтинување на струјата од нова година
-

Статистиката измери инфлација од 4,8% во мај
