Џет-Сет
19. July 2015 - 10:53

Сестрата на Натали Грубовиќ се вери со ракометар

Откако неодамна пишувавме дека атрактивната Радица, сестрата на водителката и екс лото девојката Натали Грубовиќ, јавно го покажа своето момче, сега на ред дојдоа нови убави вести од атрактивната црнокоса.

Имено, атрактивната докторка Радицa на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук сподели фотографија од неа и нејзиното момче, ракометарот Алексеј Растворцев со комeнтар: Тој ме побара за жена и јас кажав ДА!

Screenshot 1116

Очигледно неодамнешниот престојот во преубавата Москва плус љубовните вибрации биле одлична формула за новата страница во љубовта на Радица.

Screenshot 1362

Нас ни останува да и посакаме многу среќа и секако да повлече нога па што поскоро освен Радица да ја видиме и Натли во венчаница!

Вистина.мк