Македонија
23. July 2020 - 14:03

Сестрата на Катица Јанева станала член на КХВ со нецелосни документи - Антикорупциска бара одговорност

Антикорупциската комисија смета дека Владата треба да понесе одговорност зашто сестрата на екс-специјалната обвинителка, Катица Јанева е именувана член на Комисијата за хартии од вредност. 

Комисијата констатирала дека дел од документите со кои сестрата на Јанева аплицирала за позицијата биле со датум на издавање подоцна од датумот на аплицирање, што според Антикорупциска, е спротивно на прописите.

ДКСК смета дека Владата ја избрала за член на КХВ со нецелосна документација. 

Антикорупциска ќе поднесе иницијатива до новата Влада која допрва треба влезе на Илинденска, да се преиспита изборот на членови на Комисијата за хартии од вредност, но и самата постапка за избор.

 

Мирјана Јовеска