Сервисната улица на Кеј ќе ја користат огрнаничен број возила во период од 8:00-9:00 и од 14:00-17:00 часот
Сервисна улица на кејот на реката Вардар ќе може да се користи за сериозно ограничен број на возила, во временскиот период од 8:00 до 9:00 и од 14:00 до 17:00 часот. Ова денеска го изјави градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов на почетокот на партерното уредување на кејот „13 Ноември“, на потегот од Градскиот плоштад, од зградата на Телеком до улицата „Стив Наумов“, на излезот кај хотелот „Холидеј Ин“.
-Заедно на овој простор предвидуваме и усогласено решение со луѓето кои овде имаат бизнис, тоа се угоститетелите со цел целиот простор да добие нов квалитет и нов изглед онака како што заслужува нашето Скопје, нагласи Шилегов.
Терасите, како што рече, кои ќе ги користат угостителските објекти ќе бидат унифицирани и ќе бидат поставени на начин кој ќе овозможи да дојде до израз дрворедот што го имаме на кејот од повеќегодишни дрвја. Дотурот на роба ќе се овозможи исклучиво во определени часови, преку Градскиот трговски центар, а со велосипеди преку кејот „13 Ноември“.
Шилегов нагласи дека конечно се спречува самоволието и хаосот на непрописно паркирани возила кои, како како што рече, последните десетина години го правеше небезбедно и движењето на пешаците и работењето на угостителските објекти.
Проектот за партерното уредување на кејот „13 Ноември“ е вреден 88,6 милиони денари со вклучен ДДВ, а средствата се обезбедени од буџетот на Град Скопје. Рокот за изведување на проектот е четири месеци.
Се работи за површина од 12500 метри квадратни, која ќе го поврзе Плоштадот со улицата „Стив Наумов“. Предвидено е ново поплочување, патека за лица со инвалидност, дрворед, ќе бидат поставени клупи, нова урбана опрема, смарт-клупи, корпи за џебен отпад, нови жардиниери, канделабри, рефлектори за осветлување… Шилегов додаде ќе бидат ослободени повеќе места за велоспиедисти и за пешаците.
Ново на Сител
-
Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница
-
Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина
-
Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово
-
Курти: Неизрекувањето санкции ја охрабрува агресивноста на Србија
-
Министерот Тошковски во посета на ОВР Кичево и полициските одделенија Зајас и Осломеј
-
Украден сеф со пари од менувачница во Чаир
-
Две жени пријавиле семејно насилство, едната од сегашниот другата од поранешниот сопруг
-
МЗ: Позитивен став кон приватните специјализанти, но решение после изборите