Македонија
24. April 2018 - 16:10

Сервер: Можете да исчекорите напред, но Атина ќе остане пречка – сега е момент за решение на спорот со Грција

Дали ако ги направите сите потребни реформи и ги исполните сите услови, дали Атина се уште ќе биде проблем за вашите евроаталански интеграции? Краткиот одговор е да иако е болно, затоа постигнете решение во спорот со името. Ова е пораката на Даниел Сервер, американски аналитичар кој денеска во Комсијата за европски прашања зборуваше по повод последниот извештај на Комсијата за европски прашања. Охрабрување за брзо решение во спорот со Грција стигна и од евроамбасадорот Жбогар.

Власта се пофали со направени реформи за краток временски период по политичката криза.

Опозциската ВМРО-ДПМНЕ пак, тврди дека клучните рефоми се постигнати во нивно време.

Националниот совет за евроинтеграции, тело кое го предводи опозцијата  ќе го разгледува докумнетот од ЕК во петок.