Македонија
30. March 2018 - 16:13

Сервер: Ако нема решение, Македонија да стане членка во НАТО под ФИРОМ

Спорот за името треба да се реши, но и без решение Македонија треба да влезе во НАТО, смета Даниел Сервер поранешен американски претставник во Босна, добар познавач на балканскаите политички сосотојби.

Сервер во интервјуто за МИА, вели дека могу политичари во Вашингот треба да сфатат дека неуспехот да се најде решение за влезот на Македонија во НАТО е причина за меѓуетничките тензии.

Време е спорот за името да се реши. Тоа би било добро и за Грција и за Македонија, но и за регионот. Сепак, изгледа дека вистинскиот момент не е дојден. Но, ако нема решение, мислам дека Македонија треба да влезе во НАТО под привремената одредница  Многу политичари во Вашингтон треба да сфатат дека неуспехот да се најде решение за влезот на Македонија во НАТО е причина за меѓуетничките тензии, вели Сервер за државната агенција МИА.

Тој посочува дека влезот на Македонија во НАТО е исклучително важен особен во ситуација кога Русија шири конфронтација и покажува агресија во Европа и Западен Балкан.

Ако владеачката гарнитура предводена од Сириза не може да се договори со опозиционерите од Неа демократија и партијата Независни Грци, Македонија треба и мора да влезе во НАТО. Во ситуација кога Русија шири конфронтација и покажува агресија во Европа и на Западен Балкан, тоа е повеќе од потребно. Македонски војници се докажаа во борбени услови во Авганистан рамо до рамо со американски, сега интензивно се прават реформи со новата демократска влада, времето за членсто во НАТО е дојдедно, смета Серевер во интервјуто за МИА.