Македонија
28. May 2016 - 16:37

Сертификатот за дигитални вештини речиси неопходен за вработување

Дигиталните вештини се неопходни за вработување во дигиталниот свет во којшто живееме. Ваква порака испратија учесниците на финалниот натпревар за титулата Microsoft Office Specialist на Македонија. Најдобрите 45 учесници  од земјава се натпреваруваа со нивните понавања на Word, Excel i Power Point. Tитулатa најдобриот ќе го однесе на светскиот натпревар во Орландо Флорида.

Формалното образование како и сертификатот за англиски јазик веќе не се доволни за работодавачите. Сертификатот за дигитални вештини постепено го зафаќа првото место.Министерката за информатичко општество и администрација посочи дека Владата и во иднина ќе прави напори за подобрување на дигиталните вештини кај наслението.

Во натпреварот учествувале над 1400 кандидати од основните и средни училишта како и студенти кои се стекнале со глобално признаени сертификати.