Македонија
19. November 2016 - 14:02

Серија земјотреси во Македонија

 
Четири потреси се регистрирани од утринава во Македонија. Првиот со јачина од 5,1 според Рихтер, почувствуван од Грција е најсилниот во серијата потреси. Овој земјотрес беше почувствуван во 00 часот и 23 минути со Рихтерова локална магнитуда 5.1. Според досегашните податоци, земјотресот беше почувствуван во  Гевгелија и Богданци со интензитет од V степени според Европската макросеизмичка скала, Валандово и Струмица со интензитет од IV-V степени според Европската макросеизмичка скала и Скопје со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
 
По овој потрес имало афтершок со јачина од 2,2 степени.
 
Потоа е почувствуван земјотрес од 3 степени, па по него земјотрес од 2,3 степени по Рихтер.
 
Се надеваме серијата земјотреси ќе престанат и тлото ќе се смири.