-->
-->
Серија земјотреси во Македонија
-->
Четири потреси се регистрирани од утринава во Македонија. Првиот со јачина од 5,1 според Рихтер, почувствуван од Грција е најсилниот во серијата потреси. Овој земјотрес беше почувствуван во 00 часот и 23 минути со Рихтерова локална магнитуда 5.1. Според досегашните податоци, земјотресот беше почувствуван во Гевгелија и Богданци со интензитет од V степени според Европската макросеизмичка скала, Валандово и Струмица со интензитет од IV-V степени според Европската макросеизмичка скала и Скопје со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
По овој потрес имало афтершок со јачина од 2,2 степени.
Потоа е почувствуван земјотрес од 3 степени, па по него земјотрес од 2,3 степени по Рихтер.
Се надеваме серијата земјотреси ќе престанат и тлото ќе се смири.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк
-
СПМ поднесе кривична против поранешниот министер за внатрешни работи и други три лица за несовесно работење