Македонија
18. November 2019 - 10:41

Серија земјотреси почувствувани во битолско, епицентарот во подрачјето Битола - Лерин

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје започнувајќи од вчера 17.11.2019 и во текот на денешниот ден регистрираше серија на земјотреси, чиј епицентри припаѓаат на пограничното епицентрално подрачје Битола - Лерин во соседна Република Грција.

Најсилни до сега од оваа серија се земјотресите од 17.11.2019 г., во 15 часот и 40 минути и земјотресот денес во 7 часот и 41 минута. Првиот беше со локална Рихтерова магнитуда 3.3 додека вториот со магнитуда 3.0.

Овие два земјотреса беа почувствувани со интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала во околината на пограничниот премин Меџитлија, додека во Битола и околината со интензитет од III-IV степени според истата скала.