Фудбал
4. February 2018 - 17:38

Серија А: Убедлив триумф на Јуве, само бод за Милан

Фудбалерите на Јувентус одиграа одличен меч против Сасуоло и целосно го разбија противникот совладувајќи го со 7-0.
Уште во првиот дел беа решени сите дилеми откако Кедира во два наврати , Александро и Пјанич се запишаа во листата на стрелците.
Во вториот дел блесна Аргентинецот Игуаин и со хет-трик го заклучи мечот.
Милан иако долго водеше на гостувањето во Удине одигра само 1-1 против домашниот Удинезе.
На табелата Јувентус има сега два бода повеќе од Наполи кој вечерва гостува кај Џенова на Горан Пандев.

https://