Фудбал
7. February 2016 - 17:23

Серија: Триумфи на Наполи и Јувентус

Двете првопласирани екипи во Серија А Наполи и Јувентус постигнаа победи на денешните натпревари  од 24.коло. Наполи дома го победи Карпи, а Јувентус славеше на гостувањето кај Фросиноне.
Резултати на денешните дуели од 24.коло: Наполи – Карпи 1:0, Фросиноне – Јувентус 0:2, Верона – Интер 3:3, Милан – Удинезе 1:1, Сасуоло – Палермо 2:2, Торино – Киево 1:2. 
На вчера одиграните дуели: Џенова – Лацио 0:0 и Болоња – Фиорентина 1:1.
Во термиот од 18 часот играат: Аталанта – Емполи, а од 20:45 часот е дуелот меѓу Рома и Сампдорија. 
Табела: Наполи 56 бодови, Јувентус 54, Фиорентина 46, Интер 45, Рома 41, Милан 40,...