Свет
26. September 2016 - 8:59

Серија силни земјотреси во Јапонија

Земјотрес со прелиминарна амплитуда од 5,7 степени по Рихтеровата сакала денеска ја погоди Окинава и другите острови на југот од Јапонија, но нема опасност од цунами.

Јапонската Метеролошка агенција соопшти дека земјотресот се случил во 14.20 по локално време, на  брегот на Окинава, 40 километри под површината на морето.

Земјотресот на југот уследи само неколку минути по релативно силниот потрес со магнитуда од 5,5 која го погоди северот на земјата, островот Хокаидо.

Немало пријавена штета, ниту повредени во двата земотреси кои речиси истовремено се случија на двата краја на јапонскиот архипелаг, соопшти агенцијата Асошиејтед прес.