Серија А: Прв пораз за Интер | Сител Телевизија
Фудбал
28. September 2015 - 9:09

Серија А: Прв пораз за Интер

Со убедливи 4:1 фудбалерите на Фиорентина славеа победа синоќа на гостувањето во Милано кај Интер и од ривалот ја преземаа челната позиција на табелата во Серија А.
 
Јунак во победата на „виолетовите“ од Фиренца беше Хрватот Никола Калиниќ кој постигна три погодоци и изнуди пенал што во гол го претвори словенечкиот интернационалец Јосип Иличич. За Интер погоди Мауро Икарди.
 
На другите завршени средби од шестото коло:
Џенова - Милан 1:0,
Наполи – Јувантус 2:1,
Рома – Карпи 5:1,
Болоња – Удинезе 1:2,
Верона – Лацио 1:2,
Сасуоло – Киево 1:1,
Торино – Палермо 2:1.
 
Последните два натпревара од оваа рунда се играат вечер:
Фросиноне – Емполи,
Аталанта – Сампдорија.
 
Табела: Фиорентина 15 бодови, Интер 15, Торино 13, Сасуоло 12, Лацио 12, Рома 11, Киево 11,...