Фудбал
22. August 2016 - 10:24

Серија А: Пораз на Интер, победа на Милан

Во првото коло од новата сезона во италијанскиот фудбалски шампионат миланските клубови стартуваа со променлив успех, Интер загуби на гости кај Киево, додека Милан среќно ги освои трите бода пред својата публика во Торино.
 
 
Киево го совлада Интер со 2-0. Победата на домаќините им ја донесе Валтер Бирса со головите во 49 и 81 минута.
 
Милан, пак, во драматичен натпревар го совлада Торино со 3-2, откако гостите во шестата минута од судиското продолжување не реализираа пенал кој го изведе Андреа Белоти. За Милан одличен натпревар одигра Карлос Бака кој ги постигна сите три гола, и тоа во 38, 50 и во 62 минута од пенал. Гостите успеаја да изедначат во 48 минута преку трагичарот на мечот Андреа Белоти, а во првата минута од судиското продолжение преку Даниеле Басели ја загрозија дотогаш речиси обезбедената победа на „миланезите“.
 
Наполи на гостувањето кај Пескара успеа да извлече 2-2, откако по првото полувреме губеше со 0-2. Пескара поведе со головите на Ахмед Бенали во 8 и Џанлука Лапрари во 35 минута, а изедначи Дрие Мертенс со двата брзи гола во 60 и 63 минута.
 
Во најинтересниот и воедно најефикасен меч од премиерното коло од Серија А, Лацио на гостувањето ја совлада Аталанта со 4-3. Имобиле во 15, Хоед во 20 и Ломбарди во 33 минута му донесоа убедлива предност на Лацио, но шансата на Аталанта ѝ ја врати Кесие со головите во 63 и 67 минута. Гостите во уверлива предност повторно ги донесе Каталди во 89 минута, додека две минути подоцна Петања повторно ги разбуди надежите на домашните дека можат да останат непоразени на стартот од сезоната, но сепак за тоа немаше доволно време.
 
Болоња дома со голот на Дестро во 86 минута го совлада Кротоне. Еден гол ѝ беше доволен и на Сампдорија, го постигна Муриел во 37 минута, за да ги освои трите бода на гостувањето кај Емполи. Идентичен резултат 0-1 беше постигнат и на мечот Палермо – Сасуоло, а за гостите од белата точка во 31 минута беше прецизен Берарди.
 
Џенова пред своите навивачи за десет минути со пресврт дојде до убедлива победа против Каљари. Гостите поведоа во 66 минута преку Бориело, а потоа Н’тчам во 78, Лаксалт во 79 и Ригони во 88 минута се погрижија сите три бода да останат во Џенова.
 
Во саботата актуелниот шампион Јувентус се помачи против Фиорентина за да ја забележи стартната победа. Кедира ги донесе „црно-белите“ во водство и 38 минута, а гостите изедначија во 70 минута преку Калиниќ, но само по пет минути новото засилување на Јуве – Игуаин, донесе ново водство, што се покажа и како конечен резултат 2-1.
 
Рома дури во второто полувреме ја демонстрираше својата супериорност против Удинезе и ја постигна највисоката победа (4-0) во првото коло. Пероти двапати беше прецизен од 11 метри, во 65 и во 75 минута, додека Џеко постигна гол во 82 а Салах во 84 минута,