Фудбал
28. October 2015 - 8:39

Серија А: Победа на Интер по четири кола пауза

Фудбалерите на Интер ја прекинаа серијата од четири првенствени натпревари без победа, откако синоќа на отворањето на 10. калчолигашко коло како гости ја победија Болоња со 1:0. Стрелец на победничкиот гол беше Мауро Икарди во 67.минута.
 
Осум дуели од оваа рунда се играат вечер од 20:45 часот:
Аталанта – Лацио,
Фросионе – Карпи,
Верона – Фиорентина,
Милан – Киево,
Наполи – Палермо,
Рома – Удинезе,
Сасуоло – Јувентус,
Торино – Џенова.
 
Колото утре ќе го комплетираат Сампдорија и Емполи.
 
Табела: Интер 21 бод, Рома 20, Наполи 18, Фиорентина 18, Лацио 18,...