Фудбал
14. February 2017 - 8:12

Серија А: По еден бод за Лацио и Милан

Последниот натпревар од 24.коло од Серија А одигран синоќа на „Олимпискиот стадион“ во Рим меѓу Лацио и Милан заврши без победник 1:1. По нерешниот резултат двете екипи останаа на позициите кои ги имаа пред ова коло Лацио – 6.место и Милан – 7.место.
Лацио поведе со голот од пенал во 45+1 минута, а стрелец беше Лукас Биљиа. Голозт за изедначување Милан го постигна во 85.минута преку Сусо.
Табела: Јувентус 60 бодови, Рома 53, Наполи 51, Интер 45, Аталанта 45, Лацио 44, Милан 41,...