Балкан
8. October 2020 - 13:43

Серија од 42 земјотреси ја погодија Албанија, сеизмолозите смируваат дека нема место за паника

По земјотресот што беше регистриран малку по полноќ во Албанија, со интензитет од 4,9 степени по Рихтеровата скала, евидентрани се последователни 42 други потреси.
 
– По потресот во 00часот и 13 минути со интензитет од 4,9 степени и со епицентар од 41 километар западно од Тирана и 27 километри северозападно од Драч, регистрирани се 42 последователни земјотреси со јачина до 3,5 степени. За среќа нема информаци за причинета штета, се наведува во соопштението на албанското Министертво за одбарана.
 
Сеизмологот Реџеп Кочи ги смирува граѓаните истакнувајќи дека „не станува збор за случај од кој треба да се плашиме“.
 
– Нема место за паника,зашто не станува збор за случај од кој треба да се плашиме. Природно е по земјотресот од 26 ноември лани, да има последователни потреси. Тоа ќе трае подолг период, со последователни потреси, кога од време на време, повторно се активираат одредени области, како што е и оваа, рече Кочи за Ора њуз телевизија.
 
Тој додаде дека по катастрофалниот земјотресот од ноември имало периоди на смирување на тлото, па повторно се активирало, но секогаш „најголемата јачина на потресите била од 4,2 до 4,3, но не надминале над пет степени за да имаат влијание врз структурите и чувствителноста на луѓето“.
 
Катастрофалниот земјотрес што се случи утрото на 26 ноември со интензитет од 6,4 степени, предизвика огромна материјална штета, која се проценува на над милјарда евра, загинаа 51 а повредени беа околу две илјади луѓе.