Фудбал
18. September 2016 - 17:29

Серија А: Несторовски погоди против Кротоне

Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски му донесе бод на Палермо во Кротоне, откако погоди за 1-1.
 
Кротоне преку Трота го отвори резултатот во 23-та минута, а израмни Несторовски во 66-та по додавањето на Алесами. Вториот Македонец во Палермо, Александар Трајковски, не беше во протоколот за овој меч.
 
Палермо го освои вториот бод сезонава, додека Кротоне стигна до првиот бод по четири одиграни натпревари. 
 
Горан Пандев за Џенова играше од 68-та минута, но без некој посебен ефект во играта. Сасуоло ја совлада Џенова со 2-0. 
 
На другите натпревари Удинезе загуби од Киево 1-2, Каљари ја победи Аталанта 3-0, а Торино и Емполи ремизираа без голови.