Фудбал
20. August 2017 - 11:06

Серија А: Наполи ја совлада Верона

 Победа со 3:1 запиша тимот на Наполи синоќа на гостувањето кај Верона во вториот дуел од новата сезона на Серија А.
 
Слично како и шампионот Јувентус и Наполи немаше проблеми да дојде до бодовите на дуелот со Верона.
 
Стрелци на головите за гостите беа Супрајен (автогол), Милик и Хисај, а за Верона реализира Пацини од пенал.
 
На отворањето на сезоната Јувентус – Каљари 3:0.
 
Другите натпревари од премиерната рунда во најквалитетното фудбалско првенство на Италија се играат денеска. Двојките се:
 
Аталанта – Рома,
Болоња – Торино, 
Кротоне – Милан,
Интер – Фиорентина,
Лацио – СПАЛ,
Сампдорија – Беневенто,
Сасуоло – Џенова и 
Удинезе – Киево.