-->
-->
Серија А: Наполи ја совлада Џенова на Пандев
-->
Во претпоследниот натпревар од 30.коло на Италијанското фудбалско првенство тимот на Џенова за кој цел натпревар одигра македонскиот репрезентативец Горан Пандев загуби на гостувањето кај Наполи со 3:1.
Гостите од Џенова први дојдоа во водство со голот на Томас Ринкон во 10.минута. Наполи изедначи со погодокот на Гонзало Игуаин во 51.минута, а истиот играч во 81.минута направи целосен резултатски пресврт, за Омар Ел Кадури во судиското надополнување да го постави конечниот резултат.
Со новата победа Наполи ја врати разликата во однос на Јувентус на минус три бода, додека Џенова остана на средината на табелата.
Постигнати резултати на другите средби:
Рома – Интер 1:1,
Емполи – Палермо 0:0,
Аталанта – Болоња 2:0,
Фросиноне – Фиорентина 0:0,
Сампдорија – Киево 0:1,
Сасуоло – Удинезе 1:1,
Торино – Јувентус 1:4,
Верона – Карпи 1:2 и
Милан – Лацио 1:1.
Табела: Јувентус 70 бодови, Наполи 67, Рома 60, Фиорентина 55, Интер 55, Милан 49,...
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Повеќе скопски општини без струја
-
ОБСЕ/ОДИХР ќе ги соопшти првичните оценки за изборите
-
30 години Тинекс
-
Силјановска Давкова победи во 60 општини, Пендаровски во 3, Османи во 15, Таравари и Димитриевски во по една
-
Силјановска Давкова и Пендаровски во вториот круг претседателски избори
-
Првични резултати на ДИК
-
Норвешка донира 76 возила на македонската Армијата
-
Димитриевски победи во Куманово, Таравари во Гостивар, а Јакимовски загуби во Карпош