Фудбал
23. February 2016 - 8:26

Серија А: Наполи и Милан освоија само по бод

 
Фудбалерите на Милан одиграа синоќа нерешено 1:1 на гостувањето кај Наполи на последниот дуел од 26.коло од Серија А. Домашната екипа на Наполи испушти шанса повторно да се врати на првата позиција на табелата бидејќи Јувентус повторно има бод повеќе.
Голот за наполи во 39.минута го постигна Лоренцо Инсиње, додека пет минути подоцна изедначи Џакомо Бонавентура.
 
Резултати на другите натпревари од оваа рунда:
Рома – Палермо 5:0,
Фросиноне – Лацио 0:0,
Аталанта – Фиорентина 2:3,
Џенова – Удинезе 2:1,
Сасуоло – Емполи 3:2,
Торино – Карпи 0:0,
Интер – Сампдорија 3:1,
Верона – Киево 3:1 и
Болоња – Јувентус 0:0.
 
Табела: Јувентус 58 бодови, Наполи 57, Фиорентина 52, Рома 50, Интер 48, Милан 44, Сасуоло 38,...