Loading Video...
Свет
1. April 2023 - 16:32

Серија моќни торнада ги погодија САД: Четворица загинати, срушен покрив на театар

Серијата силни торнада што вчера попладне зафатија 6 сојузни држави во САД однесоа најмалку 4 жртви. Гувернерката на Арканзас Сара Сандер соопшти дека две лица загинале во градот  Вин и едно во главниот град Литл Рок. Повредени се над 30 лица. Невреме предизвика уривање на  покривот на театорот Аполо во градот  Белвидер  во Илиноис за време на хеви метал концерт. Едно лице загина, а над 28 се повредени, од кои пет се во тешка состојба. Торнада пријавија и државите Тенеси, Мисури, Ајова и Висконсин. Најмногу штети има во Арканзас, каде се уништени многу објекти и автомобили, а 70 000 луѓе останаа без електрична енергија.