Фудбал
2. November 2015 - 0:33

Серија А: Милан го победи Лацио

Екипата на Милан славеше на „Олимпико“ во Рим над Лацио со 3:1, во последниот натпревар од неделната програма, од 11.коло во Серија А.
 
Милан против Лацио ја забележа третата победа во низа и со 19 бодови се искачи на на делба на петтата позиција на табелата со пет бодови помалку од лидерскиот двоец Фиорентина и Интер.
 
Тимот на Синиша Михајловиќ до триумфот стигна со головите на Бертолачи во 25-та, Мексес во 53-та и Бака во 79-та минута. Почесниот гол за домаќинот го постигна Кишна на пет минути до крајот на мечот.