Loading Video...
Фудбал
7. April 2018 - 17:29

Серија А: Јувентус го мина и Беневенто

Фудбалерите на Беневенто не успеја  да му се спротистават на лидерот во италијанското калчо, Јувентус од кого загубија на домашен терен со4-2.

Централна фигура во отсуство на Коста и Игуаин во првиот дел беше Дибала кој го постигна првиот гол а потоа реализираше и два удари од белата точка.

Домашните играа борбено и на двапати со погодоците на Диабате го израмнуваше резултатот. Но кога во вториот дел на теренот влегоа Коста и Игуаин гостите лесно поентираа до нова победа која ја потврди Даглас Коста со прекрасен удар од далечина.

Старата дама сега има 7 бодови повеќе од Наполи кој утре го игра мечот со Киево.