Свет
7. December 2016 - 15:02

Серија експлозии во авиобаза во Дамаск

Сириските власти денеска соопштија дека во военовоздухопловна база во западниот дел на Дамаск одекнале серија експлозии. 

Засега има противречни информации за тоа што ги предизвикало експлозиите.

Арапскиот медиум „Ал Масдар“ објави дека експлозиите се предизвикани од пожар што избувнал во магацин за оружје,

Според телевизијата „Ал Мајадин“, меѓутоа, авиобазата била нападната од израелски воени авиони, кои истрелале ракети од воздушниот простор на Либан.

Израелската армија одби да ги коментира овие тврдења со образложение дека информациите се од странски извор.