Свет
29. January 2022 - 11:43

Серија бомбашки напади на Тајланд, едно лице повредено

Најмалку едно лице е повредено во повеќе бомбашки напади во јужната тајландска провинција Јала, соопшти денеска полицијата.

– Околу 13 мали експлозии го погодија градот Јала доцна синоќа, најмногу на патиштата пред продавници, пазари, ветеринарски амбуланти и салони за автомобили, изјави заменик-портпаролот на полицијата Кисана Патаначароен.

Полицијата денеска пронајде најмалку три неексплодирани импровизирани експлозивни направи, направени од конзерви и метални цевки со прикачени тајмери.

Кисана истакна дека полицијата се сомнева оти експлозиите повеќе имале за цел да предизвикаат немири отколку да предизвикаат штета или да повредат луѓе.