Македонија
17. March 2020 - 10:27

Серија апсења низ Скопје поради поседување оружје

Вчера во 13.00 часот, полициски службеници од СВР Скопје во с.Црешево, при извршен преглед кај А.Д.(19) од Скопје, пронашле нож на расклопување. Тинејџерот е приведен поради сомнение за сторен прекршок од Законот за оружје. 

Истиот ден во 14.50 часот, полициски службеници од СВР Скопје во Градскиот парк, при извршен преглед кај Ф.Б.(23) и И.Н.(25), двајцата од Скопје, пронашле два ножа на расклопување. И овие лица се приведени, поради сомнение за сторен прекршок од Законот за оружје.

Сличен случај имаше и претходниот ден во Градскиот парк, кога полицијата при претрес на 32-годишен скопјанец исто така пронајде нож.

И ова лице е приведно поради сомнение за сторен прекршок од Законот за оружјето.

По документирање на сите случаи, против приведените ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.