Балкан
28. March 2018 - 22:42

Сергеј Трифуновиќ објави скандалозна изјава за Ѓуриќ, па цела Србија го замрази преку ноќ

Познатиот актер Сергеј Трифуновиќ синоќа објави нова скандалозна изјава на својот Твитер профил.

Трифуновиќ на албански јазик напиша навредлив статус кон Директорот на канцеларијата за Косово и Метохија Марко Ѓуриќ, кој вчера беше уапсен на Косово.

“Можете ли, ве молам, да го здржите животното?” – напиша актерот.

Многу од неговите следбеници ја осудија оваа изјава на Трифуновиќ, кој и претходно е познат по бруталните навреди упатени кон политичките неистомисленици.