Тенис
15. May 2016 - 18:58

Серена Вилијамс го освои 70. трофеј во својата кариера

 
 Американката Серена Вилијамс го освои трофејот на Мастерсот во Рим, откако попладнево во финалето ја совлада нејзината сонародничка Медисон Киз со 2-0, по сетови 7:6 и 6:3.
 
За Вилијамс ова беше прва титула во 2016 година и јубилејна 70-та во нејзината кариера.
 
Воедно, за американската тенисерка ова беше четврта титула во главниот град на Италија.
 
Од 17 часот стартува машкото финале во Рим во кое ќе играат Новак Ѓоковиќ (Србија) и Енди Мареј (Велика Британија).