Тенис
11. September 2018 - 19:05

Серена се соочува со судиски бојкот

Најдобрата светска тенисерка Серена Вилијамс очигледно на УС Опен ги мина сите граници на примерно однесување што предизвика револт кај судиите кои најавија бојкот на славната Американка.

            Скандалот на Вилијамс во финалето со јапонката Осака е топ вест во американските спортски медиуми кое нејзиното однесување го нарекоа недолично и недозволено.

            Серана во финалето неколку пати го навреди судијата Карлос Рамос кој според оценките донел правилни одлуки во согласност со правилата што предизвика револт и осуда и кај останатите судии учесници на турнирот кои истакнале дека организацијата на последниот Грен слем била под секое ниво.

            Судиската организација официјално побарала извинување од Серена Вилијамс во спротивно најавен е бојкот на нејзините мечеви што би било преседен во врвниот тенис.

            Да потсетиме Вилијамс го загуби финалето од Јапонката Осака со 2-0 а во текот на мечот покрај упатените навреди кон главниот судија го искрши и рекетот.