Тенис
4. јуни 2018 - 16:07

Серена се повлече од турнирот во Париз

Само на еден час пред стартот на мечот со Марија Шарапова, Серена Вилијамс ги информираше организаторите дека се повлекува од Ронал Гарос. 

Поранешниот број 1 рекет во женскиот тенис на прес конференција изјави дека се повлекува поради повреда на градните мускули. 

За помладата сестра Вилијамс ова е прв грен слем турнир од Австралија опен, минатата година каде победи и објави дека е бремена.