Македонија
18. September 2018 - 16:49

Сер Алан Данкан: Референдумот ќе ја одреди иднината на земјата

Британскиот државен министер за Европа и Америка очекува чиста одлука на на 30 ти септември.  Алан Данкан  прес се им обрати на  младите луге, апелирајќи  да учествуваат на референдумот.

- Се надевам дека луѓето ќе учествуваат на референдумот на крајот на месецов. Сметам дека тоа ќе биде значаен чекор напред за Македонија и верувам дека сите, а особено младите луѓе ќе покажат интерес за одлуката. Ова е одлука за вас и јас како министер на друга држава не можам да ви кажам што треба да правите, но можам да ве замолам да учествувате на реферндумот. Младите луѓе треба да сфатат дека се работи  за нивната иднина и да разберат дека е чекор напред што ќе и овозможи на Македонија да се придружи на другите земји во НАТО и ЕУ.

Македонија како членка на НАТО  ќе ја зацрврст својата и регионалната стабилностж, но претходно  догворот од  Преспа да се потврди на рефрендумот, се согласиле премиерот  Заев и  британскиот министер на заедничката средба во Владата.

- Огромно мнозинство граѓани се за членство на Република Македонија во ЕУ и во НАТО, затоа што тоа ќе донесе стабилност и безбедност во државата и европски животен стандард. Јас сум уверен дека тоа ќе се преслика на претстојното гласање за референдумот. Очекувам сите политички субјекти во државата и поединци да најдат сила и дека ќе се издигнат над политичките интереси и ќе одговорат на обврската да се изјаснат на референдумот, во овој историски момент за иднината на државата, рече премиерот Заев.

Сер Алан Данкан ма средбата со  министерот за надворешни работи Никола Димиртов потенцирал дека за напредување на земјата во инегративбните процеси е потребна поголема посветеност на внатрепните рефортми.