Македонија
19. September 2015 - 9:03

Септември со надпросечни измерени температури

Температурите измерени во текот на овој месец ги надминаа максималните температури измерени досега во  септември. 

Највисока максимална дневна температура од 39,7°С е измерена во Демир Капија на 5 септември 2015 и во Штип се измерени 37,6°С на 5 септември 2015. Во Скопје највисока температура за септември од 37,5°С е измерена на 3-ти.

Според мерењата, средните декадни температури на воздухот во првата декада на септември 2015 година се над просечните  вредности, а до сега најтопла прва декада на септември е измерена во 1952 година.

Септември најтопол бил во 1994, 1952, 1987 и 2011 година.