Бизнис
7. December 2017 - 9:26

Сепак К-15 не важи за сите во приватниот сектор

Регресот за годишен одмор или К-15 и годинава им следува на вработените во приватните компании од стопанството. Единствениот услов кој треба да се сполни за да се има право на регресот за годишен одмор е работникот да работи најмалку 6 месеци во календарската година кај ист работодавач...

Меѓутоа, овој Закон не важи за сите, барем така велат од чевларската индустрија.

Ниту минатата година ништо не виделе од К-15, а знаат дека тоа ќе се случи и годинава.

- Случајно отидов да си го проверам работниот стаж. Таму се ми стана јасно, зошто јас и моите колеги, кои работиме во чевларска фирма нема да земеме К-15. Услов за К-15 е нели шест месеци да работиш во иста фирма. Нашиот газда, размислил добро, а верувам дека има и уште многу такви како него. Два дена сме работеле одјавени, а потоа пак не пријавил, раскажува вработена во чевларска фирма.

За кого е Законот се прашуваат тие? Тој е чист пред надлежните, а тие без пари.

Чевларската индустрија во Македонија е оставена на милост и немилост на газдите. Владата донесува Закони, но газдите секогаш знаат да најдат “дупка”. Се збогатуваат на грбот на своите работници, кои не земаат ниту минимална плата, велат чевларите.