Македонија
11. јуни 2018 - 11:46

Сензорна соба за деца со посебни потреби во ОУ „Кирил Пејчиновиќ“ во Кисела Вода

Во основно училиште „Кирил Пејчиновиќ“ во Кисела Вода пуштена е во употреба целосно опремена сензорна соба за дечиња со посебни образовни потреби.

- Ротари клуб Скопје - Св. Кирил и Методиј во соработка со Ротари клуб Скопје - Вест и АРС Ламина целосно реновираше просторија, опреми училница - сензорна соба наменета за децата со развојни нарушувања и аутизам вклучени во редовната настава во ОУ „Кирил Пејчиновиќ“, соопшти денеска општина Кисела Вода.

Во просторијата поставена е нова електрична инсталација,  лед светла кои позитивно ќе влијаат врз сетилата на децата со посебни потреби, а во делот околу осветлувањето поставен е и гипс картон. Оваа училница доби и нови прозорци на кои залепена е украсна фолија. Покрај ова, донирани се меки подлоги за под и лепенки кои ги красат ѕидовите со јунаците од популарните цртани филмови.

Претходно во училиштето  претставници од Лајонс клаб интернешнл  доставија донација од дидактички материјал, разни реквизити и играчки, кои ќе бидат од корист за учениците со пречки во развојот и аутизам..