Ракомет
20. April 2017 - 15:59

Сензација во Монако, елиминиран Мареј

Шпанецот Алберт Рамос-Вињолас ја забележа најголемата победа во кариерата, откако на Мастерсот во Монте Карло, во третото коло го порази првиот светски тенисер, Енди Мари.
 
Мари убедливо го доби првиот сет со 6:2, а Шпанецот во вториот сет покажа дека нема лесно да се предаде и возврати со иста мерка.
 
Британецот одлично го отвори третиот сет стигна до предност од 4:0 и тука застана до крајот Рамос од одиграните осум гема, доби седум и по нешто повечќе од два и пол часа игра, славеше со 2:6, 6:2, 7:5.
 
Шпанецот во четвртфиналето ќе игра против Хрватот Марин Чилиќ, кој претходно во два сета 6:2, 7:6 го победи Томаш Бердих.