Сенатот на САД ги отфрли предложените ограничувања за купување огнено оружје
Сенатот на САД ги отфрли вчера предложените ограничување за купување огнено оружје, со што требаше да им се отежне на лицата, кои се осомничени за тероризам да дојдат до оружје.
Двете симболични гласања покажа дека меѓупартиските поделби по прашање меѓу републиканците и демократите и натаму се присутни и покрај повеќето поголеми убиства во САД и зголеменото внимание кон потенцијалната закана од терористичката групација Исламска држава.
Гласањето се одржа еден ден по нападот во Сан Бернардино, во Калифорнија, во кој загинаа 14 лица.
Сенаторите со 54, наспротив 45 гласови го отфрлија предлогот на Дајан Фајнстин од Демократската партија, со кој се предвидуваше на Владата да и се дозволи да забрани продажба на огнено оружје на лица, кои се осомничени дека се терористи.
Иако Фајнстин овој предлог го достави уште од почетокот на годината, тој привлече внимание дури по нападите во Париз.
Претходно Сенатот го отфрли планот на републиканецот Џон Корнин, со кој на Владата требаше да и се дозволи да го одолговлекува продавањето огнено оружје на осомничени терористи во период до 72 часа, со цел во тој период да се овозможи зделката целосно да биде спречена, доколку федералните агенти успеат да го убедат судијата да го стори тоа.
Сенаторите го поддржаа со 55 гласови наспроти 44 овој предлог, но беа потребни 60 гласови за тој да биде усвоен.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација