Македонија
25. May 2019 - 16:19

Сенатот ќе гласа идниот месец, Македонија во НАТО во декември

Вашингтон очекува брз финиш за македонското членство во НАТО. За две недели протоколот треба да помине во комисијата за надворешни работи на Сенатот, а сенаторот Џејмс Риш очекува ратификацијата да се случи летово. Според неговите проценки 98 од 100 сенатори би гласале за пристапување на Македонија кон Алијансата.

- За финализирање на процесот, Протоколот ке треба да оди на гласање пред целиот Сенат, и многу веројатно тоа ке се случи во јуни.

Со влегувањето на земјата во НАТО, ќе се пополни празнината во регионот, смета сенаторот. Тоа воедно ќе ги зацврсне силите на Алијансата на Балканот и ќе придонесе за економски развој на земјава, вели Риш во интервјуто за гласот на Америка.

„Природно и нормално е да видите и економски активности кои ќе следат по пристапувањето. Никој нема да биде изненаден да има економски развој“, верува Риш.

Досега 13 земји на НАТО го ратификуваа Протоколот. Македонија и официјално ке стане полноправана членка откако ратификацијата ке помине во парламентите на сите 29 држави на  Алијансата.