Сенаторот Ранд Пол се повлекува од трката за претседател на САД
Сенаторот од сојузната држава Кентаки, Ранд Пол се повлекува од трката за номинација на Републиканската партија за претседателските избори во ноември, јави Си-Ен-Ен, повикувајќи се на свои извори во неговиот штаб.
Повлекувањето доаѓа непосредно по првото партиско гласање за номинацијата, што се одржа во понеделникот во сојузната држава Ајова, а пред селедното изјаснување во државата Њу Хемпшир.
На глсањето во Ајова, Пол беше четврти, зад Тед Круз, Доналд Трамп и Марко Рубио, добивајќи само 4,5 отсто од гласовите на републиканските гласачи, а пред порано фаворизираниот Џеб Буш, кој беше петти и доби само нешто над три отсто.
Пол во политичката јавноста на САД се означува како либерал меѓу американските републиканци, па затоа и беше сметан како „идеално решение“ за републикански кандидат на изборите за претседател.
Ново на Сител
-
Пристигнаа првите резултати од изборите во Хрватска: ХДЗ освои 58 мандати, СДП и партнерите 44
-
Уапсен 33-годишен скопјанец, истепал полицајци во полициска станица
-
Истепан вработен на ЕВН во Глумово
-
Џафери славеше роденден, семејството го изненади со торта во Владата | ВИДЕО
-
Скопјанец ја истепал поранешната девојка и ѝ го украл накитот
-
24 годишник со „ренџ ровер“ се обидел да прегази полицајци
-
Полицајци одзеле канти со поликолор на момчиња кои пишувале графит
-
Избоден затвореник во прилепскиот затвор