Сенатори уверуваат дека Вашингтон не планира превентивен напад врз Пјонгјанг
САД не планираат да извршат ограничен превентивен напад врз Северна Кореја, кој би бил казна за властите во Пјонгјанг за нивната програма за нуклеарно оружје, уверуваат американски сенатори.
Локалните медиуми претходно објавија дека претставници на Белата куќа размислуваат за операција наречена „Раскрвавен нос“, која има за цел да го заплаши севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун со ограничен превентивен напад.
- Луѓе од Владата, на највисоки функции, ни рекоа дека нема стратегија за „Раскрварен нос“ и никогаш не ја разгледувале, објасни синоќа сенаторот од Ајдахо Џејмс Риш на сослушување за потврдување на вработување во Стејт департментот.
Сенаторката Џин Шахин од Њу Хемпшир исто така изјави дека претставник на Белата куќа јасно и кажал дека нема стратегија „Раскрварен нос“ за напад врз Северна Кореја.
Шахин и го постави тоа прашање и на Сузан Торнтон, привремена директорка на Одделот за Азиско-пацифичкиот реон во Стејт департментот, која се појави на сослушување пред сенаторите, за да и одобрат да ја заземе должноста за постојано. Таа исто така потврди дека стратегијата „Раскрварен нос“ не постои.
Американските медиуми исто така јавија дека секретарот за одбрана Џим Матис е против идејата, а државниот секретар Рекс Тилерсон вложува напори да најде дипломатско решение на конфликтот.
Ново на Сител
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 15 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето
-
Аналитички центар на Сител: Просечна излезност до 9 часот
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота