Македонија
14. December 2019 - 8:36

Семинар „Инклузивни стратегии за учениците со аутистичен спектар на нарушување“

Семинар на тема: „Инклузивни стратегии за учениците со аутистичен спектар на нарушување“ ќе се одржи денеска во Скопје.

– На овој семинар присутните ќе се стекнат со знаења за децата со АСН, ќе ја разберат состојбата во која се наоѓаат, ќе ги откријат причините за нивното однесување при што ќе можат да комуницираат и да изградат квалитетна социјана интеракција со децата со АСН, посочуваат од Здружението за унапредување на квалитетот на животот на лицата со аутистичен спектар на нарушување „Сина Светулка“

Од Здружението наведуваат дека темите што ќе бидат обработени се вовед во АСН, што е, а што не е инклузија, адаптирање на планирањето, визуелни распореди и визуелна поддршка, социјални вештини и комуникација, стратегии на социјална интеракција, сензорни стратегии во училница и стратегии за контрола на однесувањето.